Резултатите ќе послужат за елиминирање на можните проблеми и недостатоци.

Во последните денови, американските астронаути тестираат нови одела што NASA планира да ги користи во текот на мисијата „Артемис“

Опремата и понатаму е во развој, а пробите се изведуваат во специјален базен во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Тој е дизајниран да ја стимулира слабата гравитација на Земјиниот сателит, пренесува Futurism.

Неговото дно е уредено така што ја реплицира Месечевата површина, а астронаутите во контролирани услови изведуваат многу работи кои што ги планираат.

Резултатите од тестирањето ќе им послужат на експертите од вселенскта агеција да ги елиминираат сите можни проблеми и недостатоци, пред да почне одбројувањето за „Артемис“.

„Ќе добиеме важни информации за опремата и процедурите кои што се планирани во текот на лунарната мисија“, било соопштено.

Извор: Objektiv.rs