Докторите од Универзитетската болница Џорџ Вашингтон ја подигнуваат свеста за опасноста од коронавирусот, објавувајќи CT снимка од белите дробови на заразен пациент од коронавирус.

Познато е дека смртоносниот коронавирус предизвикува симптоми како што се висока телесна температура, сува кашлица и гушење, правејќи голема штета на белите дробови.

Универзитетската болница Џорџ Вашингтон објави видео на кое е прикажан 3D модел на CT скенирање на белите дробови, на кој жолтата боја покажува колку штета нанесува коронавирусот на ткивото на пациентот.