The Guardian истакнува дека 12 луѓе кои се активни по пат на интернет успеале да придобијат бројни следбеници по пат на многу социјални платформи каде ги следат повеќе од 59 милиони луѓе.
Извештајот кој го подготвил американско-британскиот Центар за сузбивање на дигитална омраза (CCDH) открил дека поголем дел од дезинформациите за коронавирусот и теориите на заговор за вакцините против Ковид-19 потекнуваат од само 12 луѓе.
Британски The Guardian, кој ја пренесе оваа информација наведува дека во извештајот од „CCDH“, заедничка британско-американска невладина организација основана во март оваа година, истакнува дека 12 личности, кои се активни по пат на интернет, успеале да добијат многубројни следбеници по пат на многу социјални платформи каде ги следат над 59 милиони луѓе.
Американскиот претседател Џо Бајден во својот говор оваа седмица ги спомнал лажните информации за вакцините, кои смета дека се една од главните причини за ширењето на вирусот во САД.
Според извештајот, групата има најголемо внимание на Фејсбук каде е утврдено дека нејзините членови се одговорни за 73 отсто од целокупните антиваксерски содржини, без оглед на фактот што американската влада и нејзините регулаторни агенции сметаат дека вакцините се сигурни и делуваат против коронавирусот.
Меѓу 12-те личности одговорни за содржините на интернет за вакцините против коронавирусот се наоѓаат и лекари, бодибилдери, блогери за здравје, верски фанатици, а има и такви кои сметаат дека има поврзаност меѓу вакцината против коронавирусот и аутизмот, како и 5G мрежата и избивањето на пандемијата на коронавирусот.
The Guardian пренесува дека некои платформи на социјалните мрежи презеле мерки за отстранување на многу од таквите лажни објави, а една од платформите избришала профили од тројцата од вкупно 12-те дезинформатори.
„CCDH“ ги повикал Фејсбук, Инстаграм, Твитер и Јутјуб да ги укинат профилите од луѓето кои се одговорни за ширење на дезинформациите за кои Центарот смета дека се опасни и дека истите имаат клучна улога во колебањето на граѓаните да ја примаат вакцината против коронавирусот во клучниот момент од борбата со оваа пандемија.
Извор: AlJazeera.net