Според последните информации, претстојниот смартфон OnePlus 9 Pro ќе има закривен екран.

OnLeaks и Voice тврдат дека OnePlus 9 Pro ќе има закривен екран како и моделот 8 Pro, што значи дека од рамен екран како OnePlus 8T нема ништо.

OnePlus 9 Pro ќе добие нешто помал 6,55-инчен дисплеј, така што со него би можело полесно да се ракува во однос на претходникот со 6,7-инчен екран.

На задната страна на основниот OnePlus 9 модел ќе биде сместен модул на камерата слилчен на оној што го поседува Galaxy Note 20, додека Pro моделот би можел да има четири камери во тој модул.

За спецификациите засега нема информации, но се очекува Qualcomm Snapdragon 800 процесор, а можно е и дека сензорите на камерата ќе бидат понапредни.

OnePlus би требало да го претстави моделот 9 Pro во март 2021. година.