Се појавија повеќе информации за претстојните уреди од Redmi 11 серијата, која ќе ги вклучува моделите Redmi Note 11 5G и Redmi Note 11 Pro 5G.
Redmi Note 11 5G ќе има LCD екран, со поддршка за освежување од 120Hz. Главната камера од 50MP на задната страна ќе биде задолжена за фотографиите. На предната страна ќе има камера од 16MP за селфи и видео повици.
Телефонот ќе работи со осумјадрен чипсет MediaTek Dimensity 810, со до 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Уредот ќе има батерија од 5000mAH со поддршка за полнење од 33W. Кога станува збор за цената, телефонот се очекува да чини околу 190 долари на кинескиот пазар, за основниот модел.
Redmi Note 11 Pro 5G ќе има и стапка на освежување на екранот од 120Hz, но екранот ќе биде OLED. Главната камера одзади ќе има сензор од 108MP, додека предната ќе има камера од 16MP.
Овој модел ќе работи со осумјадрен чипсет MediaTek Dimensity 920, заедно со до 8 GB RAM и 256 GB меморија. Батеријата од 5000mAh ќе има поддршка за брзо полнење од 67W. Очекуваната цена на моделот Xiaomi Redmi Note 11 Pro 5G е околу 250 долари.