Познат аналитичар на ИТ пазарот сугерира дека јавноста најверојатно нема да го види флексибилниот телефон на Apple пред 2025 година.

Минг-Чи Куо, кој со години беше извор на веродостојни информации за плановите на Apple, ги ажурираше своите очекувања. Тој истакнува дека Apple во одреден момент ќе објави ваков уред, но појасни дека 2025 година ќе биде најрано кога тоа би можело да се случи.

Друга непозната работа, која се појави во форма на гласини во претходните месеци, е кој уред ќе биде првиот што ќе добие флексибилна форма. Некои извештаи сугерираат дека Apple подготвува поголем уред во стилот на iPad, додека други споменуваат дека тоа ќе биде iPhone.

Секако, не се очекуваат официјални информации за овој проект од Apple, а така ќе остане додека компанијата не биде подготвена да го пушти уредот. Дотогаш не очекуваат неколку години гласини и шпекулации.