Британската полиција добила нова опрема која им овозможува и ноќно снимање на возачите кои возат брзо, и тоа од значително поголема оддалеченост.

Новите ласерски пиштоли биле платени по околу 10.000 фунти за секое парче од британската полиција, но судејќи според перформансите, средствата брзо ќе „се вратат“. Со цело име TruCam II Speed Enforcement Laser е уред што лесно ја чита регистарската табличка од растојание до 1500 метри и ја задржува целосната ефикасност дури и кога нема дневна светлина.

Кога возилото е оддалечено околу 800 метри, камерата започнува да се фокусира автоматски. Податоците се споредуваат со базата на податоци и во случај на сторен прекршок, автоматски се испраќа наредба за испраќање на глоба до домашната адреса на сопственикот на возилото. Затоа, службеникот не треба да го запира возилото, а уште помалку да „го брка“ за да му пише казна.

TruCam II Speed Enforcement Laser користи ласер за мерење на времето и растојанието помеѓу возилата, а дигиталната камера снима во HD резолуција. Иако камерата може да ги прочита табличките на растојание од 1,5 километри, британската полиција калибрацијата ја има направено на 750 метри во согласоност со законот.

Извор: Index.hr