Долго очекуваниот крај на 2020-та година, година која популарно е прогласена за најлошата година до сега, е пред нас. Исто така се надзира и почетокот на крајот на ужасната пандемија, која сосем го исфрли од рамнотежа целиот свет, бидејќи веќе започна процесот на вакцинирање во повеќе земји низ светот. Но, и покрај овие нови почетоци кои носат надеж и радост, човештвото и понатаму се бори со друга пандемија, која некако остана во сенка на оваа новата, а тоа е глобалната пандемија на пушењето. Пушењето, воедно е и водечка причина за болести и смртни случаи што може да се превенираат, на светско ниво.

Критиките со кои се соочуваат тутунските компании, растечката свест за грижата за здравјето  и животната средина, но и огромната технолошка револуција што го зафати светот, ги натераа и тутунските компании да размислат за алтернативни производи за пушачите – производи кои се помалку штетни од конвенционалното пушење.

Компанијата Филип Морис Интернешнл (ФМИ) која ги создаде производите со несогорлив тутун и која започна сопствена трансформација кон иднина без чад, патувањето кон оваа цел го започна од раните 90-ти години на минатиот век. Истражувачкиот центар на ФМИ одлучи да развие производи без фактор на согорување. Развиени се  многу производи, а IQOS во моментов е најнапреден производ помеѓу нив.

ФМИ денес не е познат само по тоа дека е лидер во тутунската индустрија, туку многу повеќе, дека е лидер во иновации и истражување. Компанијата во последниве 10 години има постигнато завиден успех благодарение на големите вложувања во развој и наука, но и на  транспарентноста и отвореноста за соработка со научната заедница и регулаторните тела. Повеќе од 430 врвни научници, инженери и експерти работат во истражувачките центри на ФМИ, а во овие истражувања досега се вложени 7,2 милијарди долари. Со 4600 одобрени патенти и 6300 поднесени патенти Филип Морис денес е 45та компанија по бројот на прифатени патенти во ЕУ.

Со оглед на научните докази дека примарно токсичните и канцерогени супстанци во тутунскиот чад, а не никотинот се главните причинители на болестите и смртноста, во компанијата токму во оваа насока видоа можност за развој на нови производи. Бидејќи беше познато дека кај цигарите температурата на согорување е 800 степени целзиусови  при што доаѓа до создавање на преку 6000 соединенија, од кои огромен дел ги нема во билката но се создаваат при согорувањето, научниот пристап беше да се постигне ослободување на никотинот, но без процес на горење. Новите производи се базираат на наука која ги почитува највисоките стандарди и најсовремените методологии на фармацевтската индустрија и е во согласност со насоките дадени од светски реномираната Американска агенција за храна и лекови. Во овој контекст, најнапредниот бренд оваа нова генерација на производи IQOS доби дозвола за продажба од во САД на 30ти април 2019 година, додека во јули 2020 година, оваа Агенција го класифицираше во категоријата на производи со модифициран ризики нотираше дека производот е суштински различен од цигарите.