Најголемиот австриски телефонски оператор „А1“ денес се соочил со голем хакерски напад, кој ја срушил нивната интернет-мрежа.
Неколку часа домашниот интернет бил прекинат во цела Австрија, а според „А1“, причината била масивен DDos-напад.
Хакерите се обидeле да ги онеспособат серверите на „А1“ со DDos-напад, во што и успеале во извесен период.
Проблемот со интернетот настанал во незгодно време бидејќи се случил во период кога голем број граѓани работат од дома, а некои ученици следат онлајн-настава.