Можеме да видиме нови и понапредни паметни часовници на Apple веќе во 2027 година.
Apple работи на додавање камери на идните модели на Apple Watch за да ги направи паметните часовници попогодни за носење со вештачка интелигенција, според аналитичарот Марк Гурман.
Гурман известува дека Apple планира да додаде камери на стандардните сериски часовници, како и на моделите Ultra, а нивното лансирање се очекува во 2027 година.
Power On: Apple is working to bring cameras to the Apple Watch to allow the device to analyze its surrounding environment as part of an AI wearables push. https://t.co/Q0BhTYY9oT
— Mark Gurman (@markgurman) March 23, 2025
Овој потег ќе му овозможи на Apple Watch да поддржува AI функции како што е Visual Intelligence, која може да понуди информации на самото место за тоа кон што корисникот ја насочува камерата.
Гурман претходно истакна дека Apple развива слушалки AirPods со вградена камера за истите цели, а слушалките треба да се лансираат во слично време како и моделите на Apple Watch со камери.
Според аналитичарот, серијата часовници би можеле да ја имаат камерата на дисплејот, додека кај моделите Ultra таа би можела да се наоѓа на страната на уредот.