Од март оваа година, третата генерација на Apple TV повеќе нема да биде поддржана од YouTube апликацијата. Корисниците кои се уште ги користат овие уреди, ќе можат и натаму да гледаат YouTube содржини, но само ако ги стримуваат од друг уред, додека директниот пристап од овој set-top-box повеќе нема да работи.
Ова е одлука на YouTube, а не на Apple. YouTube објави дека компанијата сака на своите корисници да им го пружи само најдоброто искуство на гледање видео и тоа е причината за овие промени. Само третата генерација на Apple TV е отстранета од листата, додека YouTube ќе продолжи да работи нормално на поновите верзии на овие уреди. Корисниците кои имаат Apple TV 4K или Apple TV HD, како и корисниците на iPhone и iPad, ќе продолжат да пристапуваат нормално на YouTube. Од друга страна, корисниците што ќе останат без оваа апликација ќе можат да го пренесуваат YouTube на Apple TV од нивните iOS уреди, преку AirPlay.
Со оглед на тоа колку напредуваше технологијата од претставувањето на третата генерација на Apple TV, можеби им е попаметно на овие корисници да набават една од поновите верзии на Apple TV.