Xiaomi Mi 11 кон крајот на минатата година беше претставен сам, но наскоро се очекува уште попремиум модел на овој телефон. Се појави фотографија од Mi 11 Pro, на кој се гледа дополнителен перископ сензор.
Текстот под сензорот укажува на 120x максимално зумирање (вклучувајќи и дигитален зум) , а ќе овозможи и 10x оптичко зумирање. Ова сугерира и дека една од преостанатите три камери ќе нуди зумирање на средно ниво. Секако, една од камерите ќе има 108MP сензор, каков што има и стандардниот Xiaomi Mi 11.
Дизајнот од постерот е сличен на рендерите што ги видовме на почетокот на месецот, со тоа што перископ сензороте ротиран за 90 степени. Од предната страна се очекува истиот дисплеј, со 6,81-инчен AMOLED панел, 1440p+ резолуција и брзина на освежување од 120Hz. Телефонот ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет.
Mi 11 Pro ќе го користи најдобриот хардвер на Xiaomi за полнење на батеријата, според достапните информации. Ова вклучува поддршка за 120W полнење преку кабел, како и 80W безжично полнење, кое 4000mAh батеријата на телефонот ќе ја полни за 19 минути.
Xiaomi Mi 11 Pro би требало да биде претставен во текот на февруари.