Кинеската платформа за објавување видео снимки, денеска го блокираше пристапот на деца под 13 години на апликацијата TikTok и ќе користи вештачка интелигенција за да ја потврди возраста на корисникот.

Овие мерки се последица на смртта на 10-годишно девојче од Палермо кое изврши самоубиство поради бизарен предизвик на популарната мрежа.

Италијанското тело за надзор ќе ја процени ефективноста на мерките објавени од TikTok, пренесува агенцијата ANSA.

После смртта на девојчето на 21. јануари, следел случај на жена (48) од Сиракуза, Сицилија, која била испрашувана за наводно поттикнување на самоубиство објавувајќи видео на ТикТок, на кое се гледаат маж и жена како замотуваат леплива лента околу устата и носот, во уште еден Блекаут предизвик.

Во меѓувреме, истражителите ја прошириле истрагата за смртта на девојчето од Палермо, поставувајќи им прашања на Facebook и Instagram како е можно да се отворат сметки на нивните профили.

Facebook соопшти дека целосно ќе соработува со истражителите, а што се однесува до влијателната ТикТокерка од Сиракуза, полицијата открила дека објавила уште снимки, со чија помош достигнала до 730.000 следбеници од различна возраст.

Тие следат околу 20 опасни предизвици, вклучително и вдишување крема за нос, затворање на очите со клешти, исцениранп кршење на раката со тенџере за готвење. Сите предизвици ги изведувала жена од Сиракуза, а сите нејзини снимки се отстранети.

Извор: B92.net