Оригиналната Tomb Raider игра беше објавена уште во 1996 година и набрзо стана една од омилените франшизи. Потоа во 2013 година, Crystal Dynamics го рестартираше серијалот, а поновите Tomb Raider наслови добија помрачен тон.

Поминаа околу три години од објавата на последната Tomb Raider игра, но за фановите на франшизата, конечно пристигнуваат убави вести. Во видео објава, на Твитер профилот на Tomb Raider, директорот на играта Вил Керслајк потврди дека студиото во моментов работи на нова игра. Не е познато кога овој наслов ќе биде објавен.

Ќе биде интересно да се види како студиото ќе пристапи кон процесот на креирање приказна, што комбинира временска рамка што ги опфаќа оригиналните игри и редизајнираната серија.

Во меѓувреме, Netflix потврди дека ќе ја добиеме Tomb Raider аниме серијата, која на платформата пристигнува во следниот период.