Samsung Store од Индија потврди дека Galaxy S21 серијата ќе биде глобално лансирана на 14. јануари. Продажбата на телефоните ќе почне неколку дена потоа. Истовремено, Samsung Store во истата држава веќе почнал да ги прифаќа резервациите за Galaxy S21, Galaxy S21 Plus и Galaxy S21 Ultra моделите.

За сума од околу 27 долари, корисниците преку WhatsApp, веднаш по официјалната промоција ќе добијат информација кога точно ќе почне испораката на S21 моделите, и тогаш ќе можат да одлучат кој од моделите би сакале да го купат. Во истото соопштение е окриено во кои бои ќе бидат достапни телефоните. S21 ќе се продава во сива, розева, виолетова и бела боја, S21 Plus во розева, виолетова, сребрена и црна боја, додека S21 Ultra ќе биде достапен само во црна и сребрена варијанта.

Потврдено е и дека Galaxy S21 Ultra ќе има главна камера со резолуција од 108MP, два сензора од по 10MP (еден со 10x оптички зум и ласерски автофокус). За четвртиот сензор не се дадени информации, но се верува дека ќе има 12MP. Верзиите на телефоните што ќе се продаваат во Индија ќе бидат засновани на Exynos 2100, а не на Snapdragon 888 чипсет.

Официјални тизери за Galaxy S21 серијата го потврдуваат новиот систем на камери (ВИДЕО)