За воведувањето претплати на социјалните мрежи се зборува со години – се чини дека е поблиску од кога било.
За неколку месеци, најпопуларните социјални мрежи би можеле да побараат од вас да плаќате одредена месечна сума за да не бидете принудени да гледате реклами додека скролате.
Meta неодамна зборуваше за оваа опција за Facebook и Instagram, а како што пренесува Ројтерс, доколку сте на компјутер, таа би чинела 10 евра месечно, плус 6 евра за дополнителна поврзана сметка. На мобилните телефони претплатата би изнесувала 13 евра месечно.
За воведување претплати не размислуваат само Facebook и Instagram, туку на сличен начин размислува и TikTok, кој изгледа веќе почна да го тестира.
Како што пишува Android Authority, некои корисници почнале да гледаат известувања за претплата, но засега само во САД. Цената на TikTok, според тие информации, ќе биде попристапна во однос на платформите на Meta – 5 долари месечно.
Да потсетиме, Facebook пред неколку години го отстрани слоганот од почетната страница на кој пишуваше: „Бесплатно е и секогаш ќе биде“ – веројатно уште тогаш почнале да размислуваат во оваа насока.
Facebook silently changed it’s slogan in the Sign Up page from “It’s free and always will be.” to “It’s quick and easy” Will using Facebook not be free anymore in the future? Thoughts? 🤔🤔🤔
byu/checkthisout1998 inteenagers
Некои социјални мрежи, како што е Twitter, веќе воведоа претплата, но таа не е за отстранување реклами туку за добивање на некои привилегии, иако Елон Маск неодамна навести дека претплатата може да се воведе за сите, пренесува Zimo.
Доколку оваа информација е точна, претплатата за тие три мрежи би изнесувала повеќе од 20 евра месечно, дури и околу 25 евра за мобилни телефони, иако не би била задолжителна.