Автомобилот на Aptera Мotors ќе се продава за „само“ 25.900 долари, што го прави достапна опција во споредба со другите возила на пазарот.

Сепак, постојат пречки пред автомобилот да се појави на пазарот. „Вашингтон пост“ објави дека дистрибуцијата не може да започне додека не се спроведат и поминат тестовите за безбедност.

Автомобилот се смета за ултра-аеродинамично електрично возило и се движи на три тркала. Покриено е со 34 квадратни метри соларни ќелии, што може да обезбеди четириесет километри возење при „чисто небо“ односно сончев ден.

Креаторите на Aptera Мotors, Крис Ентони и Стив Фамбро, велат дека автомобилот е четири пати поефикасен од просечно електрично возило и 13 пати поефикасно од камион што користи класично гориво.

Дизајнот на возилото вклучува и закривувања кои помагаат да се намали отпорот при возење. Екстремно лесните јаглеродни композити и стаклени влакна ја формираат рамката на автомобилот, што може делумно да се создаде со 3Д печатач.

Автомобилот може да достигне брзина од 100 km/h за само 3,5 секунди, а максималната брзина што може да ја достигне е 180 km/h.

За секојдневна употреба, не е потребно полнење на автомобилот, што го прави првото вакво возило на пазарот. Возилото е опремено со пакет батерии.

Преднарачките од 4 декември сведочат дека веќе има пазар за вакви возила. Aptera Мotors продала 330 автомобили само во првите 24 часа и оттогаш скоро 7.500 лица се пријавиле да остават депозит. Компанијата има поддршка и од големи инвеститори, истовремено продолжувајќи да го зголемува производството.

Компанијата Aptera Мotors е основана во 2005 година, но во 2011 година беше принудена да се затвори поради банкрот, за потоа да биде „оживеана“ од оригиналните креатори во 2019 година. Фабриката за производство е преместена во долината Соренто во Сан Диего минатиот месец.

Извор: Додај Гас