Полначот ZipCharge Go тежи 22,6 килограми, има тркала и рачка што се извлекува

Кога ќе ги прашате возачите на автомобили што најмногу ги одвраќа од купување електрични модели, одговорот најчесто е: прекраток домет. Затоа британската стартап компанија ZipCharge претстави интересен производ кој барем делумно го решава овој проблем.

ZipCharge Go е всушност пренослива батерија во форма на куфер која може да му даде дополнителна автономија на автомобилот помеѓу 30 и 64 километри, во зависност од моделот.

Полначот ZipCharge Go тежи 22,6 килограми, има тркала и рачка што се извлекува, така што корисниците можат да го стават во багажникот и лесно да го извадат за полнење. Според британската компанија, полнењето за дополнителни 60 километри трае околу половина час.

Иако цените се уште не се објавени, најавено е дека приватните корисници би можеле да го изнајмат за околу 400 куни месечно. Испораките треба да започнат во последниот квартал на 2022 година, а планирани се верзии од 4 kWh и 8 kWh.

Џонатан Кариер, ко-основач на ZipCharge, за неговата иновација вели: „За да ги охрабриме луѓето да се префрлат на електрична енергија, треба да создадеме инфраструктура што го прави полнењето полесно, поевтино и поудобно, а ZipCharge Go покажува во која насока може да се развива инфраструктурата“.