Видео-играта Among Us доби неколку награди на свеченоста The Game Awards 2020 за влијанието што го имаше на гејмерската сцена изминатава година.

Студиото InnerSloth ја искористи изминатата вечер за да ни ја претстави новата мапа наречена The Airship.

Трејлерот ни дава увид во дизајнот на мапата, како и некои од задачите што екипажот ќе мора да ги изведе додека се обидува да открие кој е Impostor.

Мапата делува како проширување во вистинска насока во споредба со постојните, а ова е воедно и првиот голем додаток на Among Us, што фановите со задоволство ќе го прифатат.

Многу интересно дополнување ќе биде тоа што играчите ја започнуваат играта само еднаш во салата за состаноци и по секој состанок можат да изберат каде ќе ја продолжат играта.

Мапата ќе се појави на почетокот на следната година. Засега не е познат точниот датум на објавување.

Извор: B92.net