Пред претседателската палата во Анкара беше претставен првиот турски самовозечки автоавтобус, произведен од компанијата Karsan Atak Elektric. На презентацијата присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Возилото е долго 8,3 метри и има капацитет за повеќе од 50 патници. Има батерија од 220 киловат часови, што му овозможува опсег од 300 километри.

Се тврди дека сензорите и другата вградена технологија во автобусот ги идентификуваат подвижните и недвижни предмети многу попрецизно отколку човечките сетила. Ова вклучува контрола на состојбата на патот, реакција на пречките, кога да се сврти или да се престрои во друга лентата.

Покрај тоа, можно е однапред да се одреди трасата на движење на возилото, чие масовно производство веќе започна.

Меѓу другото, Ердоган порача дека се работи за производ што добро ќе ја промовира државата. Во меѓувреме, компанијата Otokar почна со тестирање на svojot автономен автобус, пренесуваат турските медиуми.