OnePlus минатата година се врати во средниот сегмент на пазарот преку OnePlus Nord моделот, кој го користи Snapdragon 765G чипсетот. Сега компанијата го објави OnePlus Nord LE телефонот.
OnePlus Nord LE е истиот смартфон како и стандардниот Nord, што значи дека користи Snapdragon 765G чип, 90Hz AMOLED екран, систем со четири камери со главен сензор од 48MP и 4115mAh батерија со поддршка за 30W полнење.
Она што ги разликува двата уреда се боите и завршницата на изработка. OnePlus Nord пристигнува во Blue Marble, Gray Onyx и Gray Ash варијанти, додека Nord LE има градиент кој флуидно се прелива од портокалова во зелена боја. Задната страна на телефонот има мазна завршница.
Она што е интересно е што OnePlus Nord LE нема да биде достапен во продажба. Причината е тоа што е креиран сако еден ваков смартфон, а LE суфиксот во името означува “Literally Only One Edition”.
Оние кои сакаат да го поседуваат OnePlus Nord LE ќе мора да ја испробаат својата среќа во наградната игра на OnePlus, а повеќе детали за тоа можете да пронајдете на оваа адреса.