Xiaomi официјално го претстави својот најнов премиум телефон – Xiaomi Mi 11. Интересно е што компанијата, за разлика од другите производители, не се одлучи за објава на Pro, Max, Ultra или варијанта на телефонот со некоја друг суфикс – туку е само Mi 11 во неговата стандардна варијанта.

Xiaomi Mi 11 пристигнува со 6,81 инчен AMOLED екран, со QHD+ резолуција и поддршка за освежување на екранот од 120Hz. Предниот панел има максимално осветлување од 1500 нита, а го штити Gorilla Glass Victus.

Телефонот пристигнува како официјално прв премиум модел кој го имплементира неодамна претставениот чипсет Qualcomm Snapdragon 888. Процесорот е искомбиниран со 8 GB RAM и 128 GB или 256 GB простор за складирање (не е достапен слот за microSD картичка).

Главната камера на задната страна има сензор од 108MP (големина 1 / 1.33 “, леќа 7p, отвор f / 1.85). Постои и ултра-широка камера од 13MP со 123 степени FoV, како и макро сензор од 5MP. На предната страна, во punch-hole отворот од горниот лев агол на дисплејот, има селфи камера од 20MP.

Екранот од предната страна се свиткува по рабовите, а под дисплејот е имплементиран оптички сензор за отпечатоци од Гудикс. Според производителот, сензорот е опремен и со можност за читање на работата на срцето.

Xiaomi Mi 11 користи батерија од 4600mAh, која поддржува 55W брзо полнење, 50W безжично, како и 10W обратно полнење. Ќе работи со секој Quick Charge 4+, Quick Charge 3+ и Power Delivery 3 адаптер. Xiaomi одлучи овој пат да не нуди полнач во пакувањето, но ќе понуди 65W GaN адаптер бесплатно доколку корисникот веќе нема компатибилен полнач.

Другите карактеристики на Mi 11 вклучуваат стерео звучници Харман Кардон, подобрени способности за Ноќен режим, двојна 5G конекција (мрежи под-6 GHz), поддршка за Wi-Fi 6E, Bluetooth 5.2, NFC и повеќе.

xiaomi3_17.jpg

Претпродажбата на телефонот веќе почна, додека првата продажба се очекува од 1 јануари. Xiaomi Mi 11 ќе биде достапен во шест бои – црна, бела, сина, Khaki Vegan кожа, пурпурна кожа и специјално издание (потпишано од Леи Јун)

Информациите за глобалната достапност на Xiaomi Mi 11 сè уште не се достапни, но уредот се нуди на кинескиот пазар по цена од околу 610 американски долари (модел од 128 GB) и околу 720 долари (256 GB).