Се уште необјавениот Honor телефон, со кодно име Dingdang и ознака на модел DNN-LX9 се појави на неколку фотографии. Смартфонот е прикажан во црна, зелена и сива боја, а достапен е и дел од спецификациите, како и потенцијалната цена на уредот.

Телефонот ќе биде модел од средниот сегмент, со 6,67-инчен екран, четири камери на задната страна (48MP главен сензор) и 5000mAh батерија со поддршка за Huawei SuperCharge полнење. NFC поддршката е исто така присутна, додека фотографиите го потврдуваат и постоењето на приклучокот за слушалки и USB-C конектор.

Изворите сугерираат дека теелфонот ќе биде глобално официјализиран во Русија, по што подоцна ќе се прошири на останатите пазари. Очекуваната цена е околу 230 и 270 долари, во зависност од меморијата и просторот за складирање.