Cyberpunk 2077 играта е одложена за декември, но во меѓувреме ќе пристигне специјалната верзија на OnePlus 8T теелфонот со дизајнот на оваа игра. OnePlus потврди дека смартфонот пристигнува на 2. ноември, а ќе има модификувано испакнување за камерата на задната страна.

Се очекува дека OnePlus 8T Cyberpunk 2077 едицијата ќе има прилагодена цена, а тизер фотографијата сугерира дека правоаголниот модул на задната страна ќе стане поширок за да го имплементира „2077“ за дополнително подобрен изглед. Не се очекува дека системот на камери ќе биде изменет.

Кога се во прашање спецификациите, не се очекуваат промени, па OnePlus 8T Cyberpunk 2077 верзијата би требало да има Snapdragon 865 чипсет, до 12GB RAM и 256GB простор за складирање, како и одличен 120Hz OLED екран. Останува само да ја дознаеме цената на смартфонот.