Иако доаѓањето на најновата генерација на конзолата е пред нас, продажбата на Playstation 4 не забавува.

Интересот е секако помал отколку во претходните години, но многумина дури сега ја купуваат „четворката“ бидејќи цената паѓа подрастично. Индикатор за тоа се резултатите од продажбата собрани до 30. септември.

Имено, досега се продадени над 113,6 милиони примероци од Playstation 4 конзолата, околу три милиони повеќе уреди отколку во мај годинава. Импресивна и уште посилна продажба има во видео игрите во секоја форма, каде што се продадени околу 1,5 милијарди од претставувањето на оваа генерација.

Навистина импресивна бројка што зборува за себе колку успех имал Sony со ексклузивните објави во претходните 7 години. Според познатиот аналитичар Даниел Ахмад, тоа значи дека секој корисник на конзолата PS4 има во просек околу 13 видео игри во негова сопственост.

И кога ќе се појави Playstation 5, PS4 ќе остане прв избор за многумина барем уште некое време, бидејќи се очекува недостиг на нови конзоли, а Sony продолжува да издава видео игри и за стариот систем.

Извор: B92.net