Матичната компанија на Google, Alphabet ја зголеми продажбата на реклами на популарниот пребарувач во третиот квартал, успешно надминувајќи ги новите ограничувања за следење на мобилните корисници и искористувајќи ја континуираната популарност на онлајн купувањето.

Google продава најмногу онлајн реклами со помош на пребарувачи, видео услуги на YouTube и партнерства на интернет, а побарувачката за неговите услуги се зголеми во пандемијата во 2020 година бидејќи луѓето поминуваа повеќе време на интернет.

Приходите од реклами на Google се зголемија за 41 отсто во периодот од јули до септември, на 53,1 милијарди долари. Вкупниот приход на Alphabet беше 65,1 милијарди долари. Нето добивката на Aлфабет се зголеми за 68,7 отсто, на 18,936 милијарди долари и е најголема од основањето на компанијата. Оперативниот профит се зголеми речиси двојно, на 21 милијарда долари.

Приходите од Google Cloud, кои заостануваат зад Amazon и Microsoft во однос на пазарниот удел во услугата облак, ги зголемија приходите за 45 отсто, на 4,99 милијарди долари.