Шведска вселенска компанија се откажа од контроверзниот експеримент – геоинженеринг, чија цел била испуштање на аеросол во атмосферата, со цел да го затемни Сонцето и на тој начин да го спречи глобалното затоплување.
Проектот го покренале истражувачи од Унвиерзитетот Харвард, а меѓу останатите го финансирал и Бил Гејтс. Проектот се покажал премногу контроверзен и поттикнал жестоко противење на еколошките активисти и автохтониот угро-фински народ Самиј.
Шведската вселенска корпорација нагласи дека и самата научна заедница е поделена во поглед на ваквите експерименти. Овој експеримент, со контролирано пореметување на стратоферата, подразбира лансирање на балон на висока надморска височина, кој подоцна ќе ослободи облак со калциум карбонат, познат како праф од креда.
На тој начин се проучуваат ефектите на сончевите зраци, кои допираат до Земјата. Шведската вселенска корпорација објави дека пробниот лет кој бил закажан за јуни нема да се случи.
„Научната заедница е поделена околу геоинженерингот, кој ги вклучува сите поврзани технолошки испитувања како планираниот технички лет на балонот од вселенскиот центар ‘Есренџ’“, е наведено во соопштението на компанијата.
Тие повикуваат на договор со водечките експерти за геоинженерингот и другите заинтересирани страни, како и од Советодавниот одбор на проектот.
„Постојат гласови за истражување на теренот и против нив. Но, не постои јасен меѓународен став за тоа дали овој вид на истражување е адекватен“, е наведено од компанијата.
Со седиште во вселенскиот центар Есренџ, во близина на арктичкиот град Кируна, летот во јуни требало да биде дел од голема студија, но истиот наишол на жестоко противење. Во заедничкото писмо, Самијскиот совет на автохтони сточари и три еколошки групи, предупредиле дека експериментите ќе имаат катастрофални последици.
И покрај сите убедувања на водачот на проектот, дека експериментот нема да има никаква значајна опасност за луѓето или животната средина и дека ќе се ослободи само ограничена количина на честички во воздухот, Самијскиот совет се спротиставил на соларниот геоинженеринг.
Активистите исто така тврделе дека проектот потенцијално може да ги одврати од вниманието од проблемите со намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид, кои ги сметаат за алармантни.
Експериментот е поддржан од Харвард програмата за истражување на соларниот геоинженеринг, на чија веб-страница на листата меѓу приватните донатори, како активист е наведен милијардерот Бил Гејтс.