Кинескиот стартап за развој на вештачка интелигенција „Manus“ собра над 500 милиони долари (приближно 430 милиони евра) во нова рунда на финансирање, објави „Ројтерс“.
Новата инвестиција доаѓа по откажувањето на планираната зделка за преземање вредна повеќе од 2 милијарди долари (околу 1,72 милијарди евра) помеѓу матичната компанија на „Manus“, „Butterfly Effect“, и американската компанија „Meta“. Потоа, „Manus“ продолжи со работа како независна компанија.
„Manus“ развива AI агенти за општа намена, способни самостојно да извршуваат различни задачи – вклучувајќи истражување, анализа и автоматизација – со минимално вклучување на корисникот.
Во април, кинеските власти побараа од „Meta“ да се откаже од планираното преземање на „Manus“, поради зголемениот надзор врз инвестициите на американски компании во кинески стартапи што развиваат напредни технологии за вештачка интелигенција.
Во август, „Manus“ објави дека ќе продолжи да работи независно. Како дел од процесот на одвојување од „Meta“, компанијата исто така најави бришење на одредени кориснички податоци.
Според „Ројтерс“, годишниот приход на „Manus“ достигнал приближно 500 милиони долари, што претставува пораст во однос на сумата од околу 100 милиони долари во времето кога „Meta“ планираше да ја преземе компанијата.






