Фронтменот на групата Black Eyed Peas, Will.i.am ја претстави соработката со американската компанија Honeywell, што резултираше во специјално дизајнирана high-tech заштитна маска наречена Xupermask.

Раперот и бизнисмен објави дека се здружил со Honeywell за да претстави две верзии на високо-технолошката маска за лице, која опфаќа заштита, дизајн и употребливост во еден производ.

„Живееме во време на научна фантастика“, рече Will.i.am, истакнувајќи дека „сакал да направи маска која одговара на ерата во која моментно се наоѓаме“.

Xupermask е прилагодлива маска за лице, изработена од медицински силикон прифатлив за кожата, а содржи вентилатор со три брзини и Honeywell систем за филтрирање на честички (HEPA). Покрај заштитните карактеристики, маската вклучува аудио и микрофон можности, Bluetooth и LED дневни светла.

Целта на маската е да го олесни дишењето, што го објасни и Извршниот директор на Honeywell, Џон Валдрон: „Оваа посебна маска има единствен патентиран дизајн на филтри, на што сме многу горди, што обезбедува врвна филтрација без да се жртвува употребливоста или модата. Мислам дека пробавме да го споиме најдоброто од двата света“.

Овој „моден“ додаток, од 8. април ќе биде достапен на веб-страницата на Xupermask во САД, Канада, Велика Британија и Европската унија, по цена од 299 долари.