Иако поминаа само неколку дена откако Samsung ја претстави Galaxy S21 серијата телефони, видеата за расклопување на уредот веќе почнаа да се појавуваат. Првото од нив доаѓа на YouTube каналот PBKreviews и ни дава добар увид во внатрешноста на моделот Galaxy S21.

Како што можете да се забележи, Samsung Galaxy S21 не се разликува премногу од Galaxy S20 моделот кога станува збор за внатрешноста. Двата телефона имаат слична конструкција, со плоча во горниот дел, веднаш до камера модулот. Батеријата е скриена под подлогата за безжично полнење.

 

Меѓутоа, иако целокупната конструкција е слична, Samsung направи неколку значајни измени на моделот од новата серија. За разлика од Galaxy S20, Galaxy S21 има две mmWave 5G антени од двете страни на уредот. Поинаков е и системот на горниот микрофон кај S21 моделот. Разликата се забележува и во позиционирањето на вибрирачкиот мотор.

Покрај ова, Samsung направи неколку помали измени за подобро да го имплементира новиот хардвер во Galaxy С21 и да обезбеди подобри перформанси на ладење.