Според најновиот извештај кој го објави аналитичарот Минг-Чи Куо, новите 14 и 16-инчни
MacBook Pro лаптопи се на пат за масовно производство. Тоа се очекува подоцна во текот на година, во третиот квартал.
Куо во својот извештај истакнува дека новите MacBook Pro лаптопи се подготвуваат за масовно производство, а ќе имаат Mini-LED дисплеи. Новиот извештај споменува и дека редизајнираниот MacBook Air и новиот Apple M2 чип ќе пристигнат во текот на 2022. година.
Се очекува дека Apple ќе одржи посебен настан, во текот на кој ќе ги објави новите Mac уреди. Настанот би можел да биде одржан во октомври или ноември и нема да се поклопува со објавата на iPhone 13, што на Apple ќе му даде прилика да произведе уште повеќе уреди.
Поради проблеми со залихите и производството на Mini-LED панели, Apple би можел да ја одложи испораката на MacBook Pro лаптопите за неколку недели, за синџирот на снабдување да се стабилизра доколку се забележат некои проблеми во текот на производството.
Се очекува дека новите MacBook Pro лаптопи ќе имаат повеќе портови, вклучувајќи и HDMI и слот за SD картички, додека Touch Bar би требало да биде отстранет. Лаптопите ќе имаат и нов дизајн со рамни рабови, а ќе се врати и MagSafe конекторот за полнење