Компанијата Gentex го претстави својот нов Full Display Mirror или повеќефункционален ретровизор.

Претходните верзии веќе се вметнати во некои модели на автомобилските производители, а тоа веројатно ќе биде случај и со новата верзија.

Накратко, Full Display Mirror може сé. Има вградена камера која го следи сообраќајот пред возилото, но исто така овозможува и проекција на снимки од страничните и задни камери. На неговиот екран можете да го менувате приказот како вам ви одговара. Значи, во преден план може да имате слика од задната камера, но екранот може да се подели и така што истовремено можете да ја следите сликата од страничните камери. Можете исто така да ги прегледувате скорешните снимки со помош на апликацијата на вашиот паметен телефон, а меморијата на овој уред овозможува константно следење и снимање на луѓе кои ќе се обидат да го вандализираат или украдат автомобилот.

Извор: Додај Гас