Британски научници стигнаа до остатоците од мега ледениот брег А68a за да го испитаат нивното влијание врз животната средина.
Ледениот брег А68a долго време беше со големина од 3.800 квадратни километри, но на крајот се распадна на фрагменти откако лебдеше од Антарктикот кон Јужниот Атлантик.
Бродот RRS James Cook во неделата се приближи до најголемиот преостанат дел од ледениот брег и активираше роботи кои ќе ги мерат соленоста на морската вода, температурата и хлорофилот во близина на мразот. Овие податоци ќе им служат на научниците да утврдат колку сè уште значително големите парчиња мраз можат да влијаат на морскиот живот во околината.
Истражувачкиот брод не мора да остане близу бидејќи технологијата на подводни роботи овозможува далечинско управување, односно дури и од Велика Британија.
Освен тоа, RRS James Cook не е мразокршач и парчиња мраз можат да му наштетат на неговиот труп.
Остатоците од ледениот брег со месеци лебдат околу островот Јужна Џорџија, дом на пингвини, фоки и сè поголем број китови.
Целта на научниците е да утврдат како мразот влијае на продуктивноста на морската вода. Од една страна, ледениот брег може да биде позитивен затоа што ги шири остатоците од карпите од Антарктикот кои го оплодуваат океанот, а од друга страна негативно затоа што остатоците од мразот можат да спречат предаторите да стигнат до плен. Исто така, свежата вода би можело да ги попречи нормалните процеси во океанот.
Извор: Klix.ba