На почетокот на март, роверот Curiosity на NASA почна да се приближува до импресивната карпеста формација висока околу 6 метри, која научниците ја нарекоа Монт Мерку.
Роверот направи селфи на кое се гледа како стои пред Монт Мерку, покрај новата дупка од која што ќе вади примероци.
Областа што сега ја проучува роверот е во премин помеѓу „единица од глина“ и „единица сулфат“, што се наоѓа пред планината Шарп, висока 5 километри, објави NASA.
Wish you were here! This selfie was taken in front of “Mont Mercou,” a rock formation that’s 20ft (6m) tall. It’s made up of 60 images from my MAHLI camera and 11 images from my Mastcam. Look close enough to spot a new drill hole – my 30th sample to date. https://t.co/3U5ZVNyO2t pic.twitter.com/mFMVjiTCvF
— Curiosity Rover (@MarsCuriosity) March 30, 2021
Иако изгледа како некој друг да го снимал Curiosity, тоа е всушност комплексно селфи. Ова марсовско селфи е составено од 60 фотографии направени на 26 март од страна на Mars Hand Lens Imager (MAHLI), лоциран на роботската рака на роверот. Овие фотографии потоа се комбинирани со 11 други фотографии направени на 16 март од уредот Масткам, кој се наоѓа на врвот на роверот, односно на неговата „глава“.
Роверот Curiosity беше лансиран кон крајот на 2011 година и слета на Марс во август 2012 година. Неговата главна мисија е да ја испита климата на Марс и неговата геологија за да утврди дали областа во кратерот Gale, каде што слета роверот, била поволна за развој на микробни облици на живот.