Планетарниот геолог Мишел Минити истакнува дека необичната формација веројатно е формирана од материјали како последица на ерозија.
Роверот на NASA, Curiosity неодамна откри интересна формација на камења на површината на планетата Марс. Сега имаше можност одблиску да го прикаже тоа што го забележал, а истото откритие ги збунило научниците.
Имено, во текот на своето истражување на кратерот, во кој се наоѓа и планинскиот врв Маунт Шарп, Curiosity направи неколку фотографии на кои се гледа необичната формација составена од камења.
Научничката на NASA, Абигел Фримен, опиша дека тоа е навистина интересна фотографија од камена структура.
Some see snake, some see horns, some see a DNA strain, but for the moment, what I see is a great RMI mosaic on this strange edifice, likely due to differential erosion on altered rocks#chemcam @MarsCuriosity https://t.co/FyWpa85Epo
— Gwen Costuming & Cosplay… and Mars stuff ? ⛏ (@GCC_Cosplay) July 28, 2021
Роверот Curiosity го проучи подрачјето на Марс кое е богато со глина и граничи со подрачјето во кое се наоѓаат минерали и сулфати, како на пример гипс.
И двете подрачја укажуваат на потенцијално присуство на вода во минатото поради што научниците се многу заинтересирани за истражување на таквата формација. Кај споменатата формација особено е интересно тоа што е значително малечка.
Колку точно е малечка тешко е да се процени поради тоа што Curiosity нема потребна опрема со која би ја измерил неговата големина.
Но, доволно е да се каже дека фотографијата на која се појавила формацијата е 16, 5 сантиметри, што значи дека ниту формацијата не е поголема од тоа.
Извор: Zimo.hr