Информациите за присуство на вода на осветлената страна на Месечината не се новост, бидејќи тоа на руските научници им е познато од 2010-та година, но американските колеги одбивале во тоа да поверуваат, изјавил шефот на лабораторијата на вселенската гама-спектроскопија при Институтот за вселенски истражувања на Руската академија за науки, Игор Митрофанов.

Според неговите зборови, тоа уште во 2009. година го открил рускиот инструмент „Ленд“, кој настанал во соработка со Соединетите Американски Држави и бил монтиран на американскиот месечев сателит ЛРО, но американските колеги тогаш не им верувале на руските научници.

„Првобитниот американски концепт беше водата на половите се наоѓа само во постојано неосветлени кратери, а кога почнавме со експериментот „Ленд“ видовме знаци за присуство на вода и на редовно осветлената површина на Месечината”, рекол Митрофанов, пренесува The Guardian.

Додал дека американските научници и натаму сметале дека таму не може да има вода, а мислењето не го промениле ни кога руските научници во списанието “Science” го објавиле тоа што го виделе.

„Сега и тие дојдоа до тоа големо откритие, видоа дека на осветлената површина на Месечината има вода. Уште еден голем успех на американските научници, честитки за нив”, го прокоментирал Митрофанов соопштението на НАСА за големото откритие.

Извор: N1Info