Популарната платформа, која има повеќе од 600 милиони корисници, наскоро би можела да биде забранета во Русија.

Како што пренесува рускиот весник Комерсант, во оваа земја наскоро би можело да биде забрането користењето на комуникациската платформа Дискорд.

Според овој медиум, компанијата Discord во последните две недели добила пет различни казни за кршење на руските закони, поради што и се заканува трајно исклучување.

Discord, кој на почетокот на оваа година имаше 614 милиони регистрирани корисници ширум светот, би изгубил околу 30-40 милиони од нив доколку биде блокиран во Русија.

Во моментов, ова е најпопуларната платформа што ја користат гејмерите за комуникација, така што не може да се каже дека постои замена.