Руската вакцина против коронавирусот не содржи компоненти кои се користат за микрочипирање на луѓе, порача директорот на Институтот за трансплантациона медицина и биотехнологија при Универзитетот „Сечин“, Вадим Тарасов.
Според неговите зборови, технологијата на внесување на чипови во луѓето преку вакцини моментално воопшто не постои.
„Секако, нема никакво чипирање, ништо такво“, порача Тарасов и нагласи дека такво нешто во основа е невозможно, затоа што моментално едноставно таква технологија воопшто не постои.
„Вакцината не е ништо друго освен вакцина, која е направена на позната платформа, од познати елементи, која не може да врши чипирање или да започне било каква теорија на заговор“, изјави Тарасов и додаде дека вакцината против коронавирусот може само да гарантира безбедност од вирусот.
Тарасов меѓу другото нагласи дека „Спутник Пет“ не содржи генетски модифицирани елементи, туку содржи компоненти кои ја играат улогата на антигените присутни во Ковид-19. Според него, проучувањето на структурите на вирусот било неопходно за да се разбере кои антигени предизвикуваат одговор на имунолошкиот систем и со цел тие да бидат репродуцирани во вакцината.
„Тоа е тоа што овозможува вакцината да делува и овозможува стартување на имунолошки одговор. Овде нема генетски модифицирани елементи. Нема потреба за стравување во врска со ова“, изјави Тарасов.
Извор: Novosti.rs