Саудиска Арабија се обидува да ја намали зависноста од нафтата, но тоа не е пречка да ја искористи својата препознатлива индустрија – и за создавање сосем нови туристички атракции… Оваа блискоисточна земја објави планови за претворање на нафтена платформа во адреналински „екстремен парк“ и одморалиште од 150.000 квадратни метри.
Овој парк ќе се наоѓа во Персискиот Залив.
Проектот е финансиран од Фондот за јавни инвестиции, а на паркот ќе има три хотели и 11 ресторани. Целиот комплекс ќе се состои од неколку поврзани платформи, со неколку адреналински понуди како што се банџи-скокови и скокање со падобран.
„Овој проект е единствена туристичка атракција којашто ќе привлекува туристи од целиот свет. Се очекува и повеќе луѓе од подрачјето на Персискиот Залив“, се вели во соопштението.
Засега не е познато кога овој адреналински парк ќе биде завршен и пуштен во употреба.