Samsung се очекува да ги претстави Galaxy Buds Pro слушалките кон средината на овој месец, заедно со телефоните од Galaxy S21серијата. Името Galaxy Buds Pro сега е потврдено преку страницата за поддршка за TWS слушалките, на веб-страницата на Samsung во Канада.

Страницата ја потврдува ознаката на моделот (SM-R190), но не открива ништо за Galaxy Buds Pro. Сепак, благодарение на претходно протечените информации, знаеме како ќе изгледаат слушалките и какви функции ќе понудат.

Galaxy Buds Pro ќе имаат двонасочен звучник и три микрофони во секоја слушалка, заедно со вуфер од 11 мм и високотонец од 6,5 мм. Ќе постои и технологија за намалување на бучавата, како и IPX7 заштита од вода.

Големината на батеријата не е позната, но промо материјалот што се појави претходно сугерира дека слушалките ќе понудат вкупно осум часа работа додека ги слушате содржините или 4,5 часа работа додека разговарате. Со куќиштето за полнење, добивате дополнителни 10,5 часа и 20 часа за разговор и слушање на содржината.

Останатите карактеристики на Galaxy Buds Pro би требало да вклучуваат Ambient Sound, Conversation Mode и Spatial Audio, а ќе бидат достапни во сребрена, црна и виолетова боја. Предложената цена за европскиот пазар изнесува 229 евра.