Серијата мобилни телефони Black Shark 5 наменети за гејмерите тргна на светска турнеја, а во понуда се два модели.
На купувачите им се достапни основните и Pro моделите, додека „средниот“ RS не е дел од понудата. Двата уреди се доста слични, и двата имаат 6,67-инчен AMOLED екран со FHD + резолуција и стапка на освежување од 144 Hz, магнетни pop-up активирања и стерео звучници.
Исто така, двата уреди се напојуваат со Snapdragon процесор, а разликата е во тоа што Pro има процесор Snapdragon 8 Gen 1 и побрза RAM (6.400 MHz во споредба со 5.500 MHz), додека основниот модел има Snapdragon 870 процесор. Покрај тоа, двата уреди користат JoyUI 13 базиран на Android 12.
Black Shark 5 чини 550 и 650 евра (8/128 и 12/256 GB), додека Black Shark 5 Pro чини 800, 900 и 1.000 евра во зависност од конфигурацијата (8/128 GB, 12/256 GB, 16/256 GB).
Една од разликите што не влијае на игрите се камерите. Pro има главна камера од 108 MP, додека основниот модел користи сензор од 64 MP. Pro има и подобра макро камера, телемакро од 5 MP во споредба со камера од 2 MP со стандардна оптика.
Покрај мобилните телефони се продаваат и Black Shark JoyBuds Pro слушалките чија батерија трае 30 часа и брзо се полни бидејќи 15-минутното полнење е доволно за три часа користење.
Исто така, слушалките се водоотпорни според стандардот IPX4. Тие се базирани на платформата Snapdragon Sound и поддржуваат aptX Adaptive технологија за висококвалитетен звук. Нивната цена е 80 евра.