Повеќе луѓе можат да уживаат во водечките иновации на серијата Galaxy S24, вклучувајќи фотографија подобрена со вештачка интелигенција, врвни перформанси и повеќе Galaxy AI функции

Samsung Electronics денес го најави Galaxy S24 FE, најновиот додаток на екосистемот Galaxy AI, кој обезбедува врвни мобилни искуства за повеќе корисници.

Засилен со ProVisual Engine базиран на AI и функциијата Помош за фотографирање (Photo Assist) на Galaxy AI, Galaxy S24 FE има подобрен сет на камери кој им овозможува на корисниците да бидат покреативни. Ова е совршен уред за гејминг во движење со 6.7-инчен Dynamic AMOLED 2X екран, долготрајна батерија од 4700mAh и моќен Exynos 2400e чипсет. Galaxy S24 FE нуди врвни Galaxy AI алатки и поврзаност во екосистемот за подобра комуникација, продуктивност и креативност, сето тоа сместено во иконски дизајн и заштитено со робусната безбедност на Samsung Knox.

„Сакаме секој да ужива во сите предности на нашите најнови мобилни иновации,“ рече Си Јанг Ли (SeaYoung Lee), корпоративен извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој на паметни телефони во Samsung Electronics. „Galaxy AI отвора навистина многу нови искуства за корисниците, кои им помагаат да комуницираат и да бидат покреативни и попродуктивни. Galaxy S24 FE ги прави моќните перформанси и врвни можности на Galaxy AI од серијата S24 достапни за уште повеќе луѓе.“

Отклучете ја креативноста со камера и уредување засилени со вештачка интелигенција

Galaxy S24 FE го олеснува фотографирањето и снимањето видеа. Неговиот врвен сет на камери вклучува широка леќа со 50MP и телефото леќа со 8MP и со 3X оптички зум поддржани со оптичка стабилизација на сликата (OIS), плус ултра-широка леќа со 12MP и селфи камера со 10MP.

Можностите на сетот на камери се дополнително подобрени со динамичната ProVisual Engine на Samsung, алатка на камерата засилена со AI, која го носи визуелниот квалитет до неверојатни височини. Со своето деби во FE серијата, ProVisual Engine вклучува значително подобрена технологија која користи напредни AI алгоритми за да испорача неверојатни детали и исклучително суптилни текстури:

Nightography со AI обработка на сигналot на сликата (ISP) за подобрување на перформансите при слаба светлина, овозможувајќи убави ноќни портрети.

⦁ Работи со Adaptive Pixel Sensor од 50MP на широката камера за да овозможи оптички квалитет на перформансите при зум од 2x, покрај оптичкиот зум од 3x. AI zoom, исто така, обезбедува подобрен квалитет на сликата на растојанија помеѓу должините на дигиталниот зум.

⦁ Object-Aware Engine за препознавање сцени и оптимизирање на боите во Super High Dynamic Range (HDR) обезбедува живописни и реалистични фотографии и видеа.

Кога е време за уредување, функцијата Помош за фотографирање (Photo Assist) им дава живот на идеите. Од нејзиното воведување кај уредите на серијата Galaxy S24, технологијата Galaxy AI стана непроценлива за уредување слики и изразување на креативноста:

Генеративно уредување (Generative Edit) – повторно го составува светот преку способности за преместување и отстранување на објекти, овозможувајќи поголема креативна слобода.

Портрет студио (Portrait Studio) – повторно ги осмислува селфи фотографиите како цртани филмови, стрипови, акварели или скици за да се додаде стил на онлајн профилите.

Предлог за уредување (Edit Suggestions) – брзо ги отстранува досадните недостатоци, како што е рефлексијата, само со притискање на едно копче.

Instant Slow-mo – инстатно ги овековечува секојдневните важни моменти.

Играјте со моќни перформанси

Моќниот Exynos 2400e чипсет овозможува бескомпромисно гејминг искуство, компатибилно со најсовремени функции како што е Ray Tracing. Во свет во кој секој дел од брзината и ефикасноста е важен, Galaxy S24 FE користи неколку клучни функции за да биде пред конкуренцијата:

1,1 пати поголемата комора за пареа го подобрува ладењето за одржување на врвните перформанси подолги периоди.

⦁ Поголемата батерија од 4700mAh овозможува долги и безгрижни гејминг сесии.

6.7-инчен Adaptive Dynamic AMOLED 2X екран – најголемиот екран досега користен во FE серијата со стапка на освежување до 120Hz обезбедува беспрекорно и воодушевувачко визуелно искуство.

Vision Booster ги оптимизира боите и контрастот на игрите дури и на сонце.

Беспрекорни Galaxy AI искуства

Galaxy S24 FE ги вклучува истите напредни AI искуства како и серијата Galaxy S24. Дизајнирана за подобрување на работата, поедноставување на комуникацијата и зголемување на поврзаноста, технологијата Galaxy AI нуди алатки кои отклучуваат нови можности на S24 FE:

Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google) ја задоволува љубопитноста со невидена леснотија со тоа што нуди инстант резултати од пребарувањето само со долго притискање на копчето за почеток и со заокружување.

Преведувач (Interpreter) моментално преведува разговори во живо, предавања или кој било друг вид презентации, дури и кога сте офлајн.

Превод во живо (Live Translate) ги руши комуникациските бариери на телефонските повици и сега се проширува на избор на популарни апликации од трети страни.

Композитор (Composer) од тастатурата на Samsung генерира предложен текст заснован на едноставни клучни зборови за е-пошта и поддржани апликации за социјални медиуми

Помош за белешки (Note Assist) го поедноставува процесот на водење белешки и автоматизира форматирање и превод. Во Samsung Notes, можете директно да добивате транскрипција, превод и резиме на гласовните снимки. Текстовите во PDF-датотеки, исто така, може да се преведат и да се вградат со помош на функцијата PDF-вграден превод (PDF overlay translation)

Поврзување и заштита на Samsung Galaxy екосистемот

Секое Galaxy AI искуство станува уште покорисно кога Galaxy S24 FE е поврзан со проширениот мобилен екосистем на Samsung. Беспрекорно се пренесуваат датотеки, брзо се поставуваат проширени екрани и лесно се реализираат сложени креативни идеи преку интуитивни внесови. Во овој хиперповрзан Samsung Galaxy екосистем, Galaxy S24 FE овозможува искуства кои ја зголемуваат продуктивноста, креативноста и ефикасноста.

Базирајќи се на иновативното наследство на серијата S, ова врвно искуство е зајакнато со силна безбедност. Samsung Knox, повеќеслојната одбрамбена безбедносна платформа на Galaxy, ги штити важните информации со сигурен хардвер од крај до крај, детекција на закани во реално време и со колаборативна заштита.

Како продолжение на традицијата на одржлив дизајн на серијата S24, Galaxy S24 FE е создаден да постигне повеќе со помалку кога станува збор за ресурсите на планетата. Тој содржи широк спектар на рециклирани материјали, вклучувајќи рециклирана пластика, алуминиум, стакло и ретки земјени елементи во внатрешните и надворешните компоненти. Исто така, има седум генерации на надградби на оперативниот систем и седум години безбедносни ажурирања и доаѓа во пакување направено од 100% рециклирана хартија.

Galaxy S24 FE ќе биде достапен во продажба од 4 октомври 2024 година во сина, графитна, жолта и ментол зелена боја.

За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.