Не остана многу време од објавата на Honor V40 линијата, а V40 само што обезбеди TUV Rheinland сертификат за безжично полнење, кој наведува поддршка за 50W.

Сепак, максималното безжично полнење може да изнесува 45W, како што е прикажано на протечените скици. Ова ќе биде еден од најбрзите безжични полначи на пазарот, бидејќи само неколку телефони можат да достигнат 50W wire-free (сите се премиум модели).

Претходно, за V40 беше сертифицирана поддршка за полнење од 66W преку кабел, што значи дека опциите за брзо полнење на батеријата ќе бидат една од главните карактеристики на претстојните уреди.

Ќе постојат три модели во рамките на претстојната линија: Honor V40, V40 Pro и V40 Pro+, а сите три се веќе достапни за предрегистрација во Кина. Официјалните информации за овие модели ќе ги дознаеме следната недела, доколку нема одложување, а телефоните би требало да се појават на пазарот на 18. јануари.