Деталите за претстојниот high-end Xiaomi Mi Pad 5 таблет се појавија во текот на неделата, а сега од Кина пристигнуваат и информации дека таблетот официјално е сертификуван во Кина. Според информациите во сертификацијата, таблетот поседува двојна 4260mAh батерија, што се вклопува во претходните гласини за капацитетот од 8720mAh.

Компанијата би требало да ги објави Mi Pad 5 и Mi Pad 5 Pro, при што Pro верзијата има WQXGA LCD екран со резолуција 2560×1600 пиксели, со однос на страници од 16:10, освежување од 120Hz и touch sampling од 240Hz, со детекција на 4096 нивоа на притисок и In-Cell active pen технологија. Се очекува дека таблетот ќе го покренува MediaTek Dimensity 1200 SoC и дека доаѓа со поддршка за Stylus пенкало. Mi Pad 5 најверојатно ќе го покренува Snapdragon 870.

Xiaomi Mi Pad 5 Pro би требало да биде флегшип таблет што би се натпреварувал со iPad, Samsung Galaxy Tab и Huawei Mate Pad Pro, додека стандардната Mi Pad 5 верзија би требало да нуди висока вредност за вложените пари, со малку компромиси по прашањето на перформанси и очекувана почетна цена од околу 464 долари.

Ванг Тенг Томас, главниот човек задолжен за Redmi производите, рече дека Mi Pad 5 нема да биде објавен во текот на овој месец, а дека компанијата планира објава во втората половина на годината, што би значело периодот после јули.