Паметните рачни часовници стануваат сѐ попопуларни од година во година, но се чини сега добиваат конкуренција.
Научници од Колорадо работат на изумот „електронска кожа“, што ќе ги замени гаџетите и истовремено ќе ја намали количината на електронски отпад.
Според досегашните сознанија, овие „фластери“ ќе може да ги мерат отчукувањата на срцето, бројот на направени чекори, потрошени калории и слични параметри што ги покажуваат паметните часовници и ќе можат да се носат на кој било дел од телото.
✳ A new “#Electronic #skin” #device can stretch by 60% in any direction without losing any functionality. #HealthTech #wearables #HealtIT #healthcare #AI #ML #MedicalTechnology #FemTech #100DaysOfCode#100DaysOfMLCode #Sciencehttps://t.co/Ynb4PTsSk7 pic.twitter.com/7U51LTruek https://t.co/ZGAlGLckVQ
— Nancy Tremblay❤???? (@NancyTr83158469) November 6, 2020
„Ќе можете да ги ставите околу зглобот, како рачен часовник. Можете да ги ставите околу вратот, како ѓердан… плочките даваат многу можности што досега не беа достапни“, изјави Ѓијанглинг Сјао, еден од истражувачите.
„Електронската кожа“ ќе може да се растегнува до 60% во сите насоки без да ја изгуби функционалноста. Уредот се создава со поставување тенки електронски навои помеѓу два слоја на флексибилен и самообновлив материјал, наречен полиимин (polyimine).
Извор: B92.net