Asus се очекува наскоро да го претстави својот нов гејмерски телефон – Asus ROG 5. Некои детали за овој модел веќе се појавија на платформата Geekbench.

Ако му се верува на Geekbench, во прашање е модел со сериска ознака Asus_I005DB.

Уште од претходно ни се познати податоците дека ќе има осумјадрен процесор Qualcomm Snapdragon 888 со такт од 1,8 GHz, но она што е посебно интересно е информацијата за огромниот капацитет на RAM меморија – дури 18 GB.

Ако е ова точно, би претставувало голема иновација, бидејќи досега ниту еден телефон нема толку многу RAM меморија – најмногу што може да се најде е 16 GB, достапно на моделите Samsung Galaxy S11 Ultra и Asus ROG 3 моделите.

Исто така, минималниот капацитет за складирање може да се зголеми на 512 GB, ако RAM меморијата изнесува 18 GB.

Од она што уште го знаеме за овој смартфон (барем според инсајдерските информации), Asus ROG 5 ќе има екран од 6,78 инчи, батерија од 6.000 mAh што поддржува 65W полнење, како и главна камера од 64 MP.