Samsung е подготвен да ги претстави своите телефони од Galaxy S21 серијата на 14. јануари. Иако до објавата не дели нешто помалку од еден месец, за новите смартфони се знае речиси сè, благодарение на протечените информации. Сега ги имаме и цените за Galaxy S21 серијата на европските пазари.

На пазарите во Европа, официјалната цена на Samsung Galaxy S21 се очекува да изнесува 849 евра за моделот со 128 GB простор за складирање. Galaxy S21+ треба да чини 1.049 евра за моделот со 128 GB и 1.099 евра за варијантата од 256 GB.

Конечно, очекуваната цена за Samsung Galaxy S21 Ultra на европските пазари е 1399 евра за варијантата со 128 GB простор за складирање на податоци. S21 Ultra се очекува да биде достапен и со други опции за складирање, но засега нема информации за нивните цени.