Минатата недела се појавија првите фотографии за Motorola Moto E7 Power и Moto G30 телефоните, а дознавме и некои нивни спецификации. Сега блогот WinFuture ги објави спецификации за двата уреда, како и повеќе рендери од двата смартфона.
Moto G30 ќе користи Snapdragon 662 чипсет и ќе има 6,5-инчен HD+ IPS дисплеј. Телефонот се очекува со 6 GB RAM и 128 GB простор, иако претходните гласини сугерираа опција со 4 GB / 64 GB.
Извештајот од минатата недела сугерираше дека Moto G30 ќе има 13MP селфи камера и 64MP главна камера на задната страна, заедно со 13MP ултраширок и два 2MP модулa (макро и длабочинski). Најновиот извештај не го потврдува тоа и сугерира дека Moto G30 ќе има селфи камера од 8MP и ултраширок сензор од 8MP.
Moto G30 ботреба да има 5000mAh батерија, како и сензор за отпечатоци од прсти на задната страна, NFC, 3,5 мм приклучок и USB-C порт.
Кога станува збор за Moto E7 Power, телефонот ќе има 6,5-инчен HD+ LCD екран со засек за 5MP селфи камера. На задната страна се очекуваат две камери (13MP главна + 2MP макро), како и LED блиц и сензор за отпечатоци.
Телефонот би требало да работи со Helio G25 чипсет (не Helio P22 како што претходно беше сугерирано), а ќе користи Android 10. Ќе постојат 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање, но претходно слушнавме и за 2GB/32GB варијанта. Уредот ќе го напојува батерија од 5000mAh.
Засега нема официјални информации за Moto G30 и Moto E7 Power телефоните , но се почестата појава на протечени информации сугерира дека објавата за уредот не е далеку. Повеќе фотографии се достапни на следниот ЛИНК.