Неодамна се појавија фотографии од претстојниот Honor телефон, кој ја носи ознаката на моделот DNN-LX9. Сега пристигна своевидна потврда дека телефонот би можел да пристигне на различните пазари како Honor 10X Lite. Покрај тоа, објавени се и рендери од уредите.

Предниот панел на Honor 10X Lite моделот има вообичаен засек, додека на задната страна се наоѓа правоаголен модул со четирикратен систем на камери.

Според наводите на изворот, Honor 10X Lite има 6.67-инчен FHD+ LCD дисплеј, додека сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страна на рамките. Системот на камери на задната страна го сочинуваат главен сензор од 48MP, 8MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.

Телефонот ќе го покренува Kirin 710A чипсет, а спецификациите ги заокружува 5000mAh батерија со поддршка за 22.5W брзо полнење.

Honor 10X Lite се очекува со Magic UI 3.1, заснован на Android 10. Ќе постои само една варијанта, со 4GB RAM и 128GB простор за складирање, а цената на телефонот би можела да изнесува околу 200 евра.