Досега веќе имавме голем број протечени информации за Huawei P50 серијата телефони, која се очекува наскоро, а сега имаме прв увид во фотографиите на стандардниот P50 модел. Фотографиите ги објави дојавувачот DigitalChatStation.

Видлив е дисплејот, за кој гласините сугерираат дека има големина од 6,3-инчи, а во центарот на кој се наоѓа punch-hole отвор за селфи камерата. На задната страна се гледа и голем модул за камерите, кој се состои од два големи круга и би требало да има вкупно четири камера сензори.

P50 серијата би требало да користи Sony 1-инчен IMX 800 сензор, кој би требало да биде еден од досега најголемите кај паметните телефони. Од останатите сензори се очекуваат теелфото и 3D ToF камера.

Блогерот Technology Yu објави и фотографии од задната страна на Huawei P50, што дополнително потврдува дека Huawei се префрла од Android на сопствена платформа.

 

Huawei P50 серијата (P50, P50 Pro и P50 Pro+) се очекува во периодот мај-јуни, во бела, сина и беж боја.